Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Денеска сме на овој преубав настан на покана на градоначалникот на Општина Ново Село, се надевам дека ќе го збогатиме амбиентот на оваа прекрасна Костенијада којашто е традиционална и како традиција треба да се почитува и негува и во иднина.

Вие ја погодивте со прашањето вистинската суштина и поента, а тоа е како можат овие настани да влијаат во развој на руралниот туризам, јас мислам дека можат и те како да влијаат. Овде имаме гости би рекол од сите краеви на Македонија и тоа е добро, и тоа е добро кога ќе има вакви настани кога ќе можат луѓето да се дружат да поминуваат некое време заедно и добро ете јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши.

Следна недела веќе ќе имаме и официјализирање, потпишување на договори, колку проекти ќе почнат со реализација, колку проекти за следната година ќе имаме, едногласно и двајцата градоначалници и на Босилово и Ново Село кажаа дека овој проект е многу значаен за развој на овие општини.

Од страна на Владата јас можам да кажам дека парите од унгарскиот заем се веќе на сметка на Народната банка, имаме половина милијарда стигната и почнуваме да работиме и испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +