Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Или Украина ќе влезе во НАТО или ќе има нуклеарно оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Брисел дека во септември му кажал на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека Украина или ќе влезе во НАТО или, како што наведе, „ќе има нуклеарно оружје“.

„Или Украина ќе има нуклеарно оружје, кое ќе служи како заштита, или мора да биде дел од некаков сојуз. Освен НАТО, не знаеме за таков ефективен сојуз“, рече Зеленски, говорејќи за средбата со Трамп во Септември.

Зеленски истовремено нагласи дека ќе избере членство во НАТО наместо да се стреми кон нуклеарно оружје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поранешен американски дипломат: Трамп му испрати ужасна порака на Зеленски

ДЕСК

Макрон: Европа никогаш не ги прекинала контактите со Москва

ДЕСК

Одмаздата на Путин пристигна: Брутален напад врз Украина

ДЕСК