Centar.mk
СВЕТ

По Германија и Франција ги враќа граничните контроли

Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.

Како што пишува овој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.

Минатиот месец, Германија повторно ги воведе граничните контроли со Луксембург, поставувајќи контролни пунктови долж автопатите каде Германија ја дели својата граница со Луксембург. Како и Франција и Германија ги карактеризираше своите активности како неопходен одговор на тековните безбедносни закани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија планира да ја нападне Украина или НАТО од Белорусија

C +

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

C +

Маж почина по напад од ајкула на островот Ротнест во Западна Австралија

C +