14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се непогода за Македонија, наместо кон ЕУ ја влечеа назад

Функционерите од СДС и ДУИ кои до вчера беа на функции како да живеат во некој паралелен свет, свет во кој важат некои нивни правила. Свет во кој основно правило беше да се лаже и изигрува народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДС и ДУИ од патот на Македонија кон ЕУ знае само да се сликаат во авион и да лажат дека паднал договор и оти Македонија добила датум за преговори со Брисел.

СДС и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително.

Македонија не виде ништо од СДС и ДУИ, освен криминал. СДС и ДУИ само збореа з ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса.

СДС и ДУИ отвораа проблеми на секое поле, а со тоа само ја кочеа Македонија да се движи напред, да оди кон ЕУ.

Неспособноста завршува со нив. Сега се работи во интерес на граѓаните, во интерес на просперитетна Македонија“, се вели во партиското соопштение./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК

Мицкоски од терен: Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

ДЕСК

Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани

ДЕСК