2. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура

Обраќање на Христијан Мицкоски, премиер:

„Почитувани претставници на медиумите,

За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени.

Еве сега овој градоначалник, заедно со оваа општинска администрација, со овој совет којшто ја поддржува работата на Јовица, може да биде горд затоа што децениските ветувања конечно се реализирани и конечно жителите во ова населено место во Општина Брвеница ќе имаат можност да тоа што го очекувале со децении го почувствуваат и видат и да може да уживаат во подобар комфор во својот живот.

Останатото коешто го спомена градоначалникот се проекти коишто се реализирани или во периодот којшто следи ќе бидат реализирани, нешто што досега во Општина Брвеница не се случило во историјата.

Исто така, тука се и проектите коишто ќе бидат финансирани од страна на државата, проекти коишто се во вредност од околу 37 милиони денари и тоа се за сите населени места во целата Општина Брвеница. Ќе повторам, задоволството е огромно кога знаете дека испорачувате нешто коешто им е потребно на граѓаните.

Ја користам уште еднаш на крај оваа прилика да му честитам на градоначалникот, да се заблагодарам за сето тоа што го прави за жителите во Општина Брвеница, нему, на пратениците коишто доаѓаат од Полошкиот Регион, на советниците во Општина Брвеница и се разбира администрацијата којашто е поддршка на работата и на Советот и на градоначалникот и да посакам уште многу вакви проекти.

Во овој прв ран којшто ќе ги финансираме од страна на државата, веќе напомена градоначалникот, за неколку проекти коишто ќе бидат финансирани во вредност вкупна од околу 37 милиони денари, веќе во јануари кога ќе биде објавен следниот повик имаме уште проекти за коишто Општина Брвеница е подготвена се разбира да ги реализира.

Продолжуваме да испорачуваме, тоа што го ветивме продолжуваме да го реализираме за доброто на граѓаните затоа што Македонија мора да биде повторно горда.

Ви благодарам“.