Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Започнавме со реализирање на проектот за хортикултурно и партерно уредување во Капиштец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во работните активности за хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец, на потегот од Беверли Хилс до трговскиот центар Зебра.

Во тек е расчистување на теренот со механизација, а земјиштето се израмнува, што ќе овозможи понатамошно уредување на просторот.

„Наша цел е да создадеме зелени и уредени места за одмор и рекреација на граѓаните. Верувам дека овој простор ќе стане омилено место за жителите на Центар, “ порача Герасимовски.

Проектот вклучува комплетно озеленување на површина од 7.840 м², како и реконструкција и нивелирање на пешачките патеки. Планирано е поставување нова урбана опрема, како што се канти за отпадоци, клупи, држачи за велосипеди, нови детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови.

Овој проект е финансиски поддржан од претходната Влада со сума од 24.780.000 денари, а се реализира на барање на жителите на Општина Центар, кои овој предлог го доставија на ланскиот буџетски форум.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Андреа Сиљаноски во Општина Македонски Брод хуманитарно го подели првиот советнички хонорар.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк!

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.