Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Жељаско Радуков

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.

Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји.

Двајцата соговорници изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји, преку позитивна волја и добри намери.

Амбасадорот Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ГРУЕВСКИ ПО ДРАМАТИЧНИОТ ОРБАН: Анализа на можните сценарија

ДЕСК

ДРАСТИЧНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК