Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска Банка

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска со директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка (ИЕБ) во Скопје, Бјорн Габриел, разговараа за тековната соработка и за унапредување на координацијата, со посебен фокус на инфраструктурата и проектите од сферата на транспортот, енергетиката и животната средина, области значајни за одржливиот развој на Северна Македонија и за постигнување на европските стандарди и напредок во реформите.

Меџити и Габриел разговараа за важноста на тековните проекти финансирани од ЕИБ, како што се Пречистителната станица во Скопје, како и за степенот на реализација на Проектот за подобрување на водената инфраструктура на општините во Северна Македонија.

Меџити и Габриел потенцираа дека соработката меѓу ЕИБ и Министерството за животна средина и просторно планирање во иднина ќе биде уште подобро координирана и ќе биде од конкретна корист за развојот на Северна Македонија.
Меџити потврди дека ЕИБ е наш традиционален партнер и поддржувач на проектите кои се од конкретна важност за развојот на државата и кои придонесуваат во напредокот на евроинтеграцискиот процес.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК