Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На 14.10.2024, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и три шок бомби.

Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК