Centar.mk
Фото: Собрание
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Гаши со шпанскиот амбасадор Ортис

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортис.

Претседателот Гаши истакна дека Шпанија е наша пријателска земја, со која сме сојузници во НАТО, со надеж дека тоа ќе се случи и во рамките на Европската Унија. Парламентарната соработка може да се зајакне на ниво на Пратеничките групи за соработка, кои континуирано се формираат во двете Собранија.

Одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерална соработка меѓу Шпанија и нашата земја, шпанскиот амбасадор ја укажа како можност за зајакнување на оваа соработка на повеќе полиња, како политичко, економско, социјално, културно. Тој остави отворена врата за поддршка и помош на европскиот пат. Парламентарната дипломатија ја укажа како силна алатка за зајакнување на меѓусебните односи.

Со оглед на новиот мандат на двата соговорника, вербата е дека во овие години соработката меѓу двете земји ќе се издигне на едно значително ниво, со зближување на Собранијата, земјите, народите.

Фото: Собрание

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК