Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.

Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ.

Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.

Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.

Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.

Оваа Македонија ќе ја смениме!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК