Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
ЛОКАЛНО

Важна вест за скопјани: Кој не платил фирмарина или данок на имот за 2021, 2022 и 2023 го очекува присилна наплата!

Соопштение на Град Скопје:

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски.

Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:
За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и
02 3207-546.
За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314.

За присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.

Одговорни лица:
За даночно сметководство:
Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk
За данок на имот:
Anita.Nakov@skopje.gov.mk, anitan@skopje.gov.mk
За комунална такса – фирмарина
Angelina.Gievska@skopje.gov.mk

Можеби ќе ве интересира

Горан Герасимовски го оствари своето право на глас и повикува на фер, мирен и достоинствен изборен ден

ДЕСК

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

ДЕСК