Centar.mk
РЕГИОН

Поплави и одрони во Босна и Херцеговина: Потрагата по исчезнатите продолжува

Потрагата по исчезнати лица во поплави и свлечишта продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поле и други места во сливот на реката Неретвица, соопшти утринава Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата „Фена“.

Според последните податоци за поплави и свлечишта во Коњиќ, Јабланица и Фојница загинале најмалку 22 лица.

Целата тешка механизација во моментот е фокусирана на чистење на локалните патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и на телефонската мрежа. Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на ранливото население.

Цивилната заштита доцна во вторникот издаде наредба за итна евакуација на загрозените области Коњица и Јабланица. До 3.43 часот евакуирани се 330 лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +