Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВАТА ТРАГЕДИЈА: Мајката и четиригодишното детенце биле најдени мртви без траги на насилство, во болница завршија таткото и синот

Мајка и ќерка биле пронајдени мртви во нивниот дом.

Според информациите на медиумите, сопругот на починатата жена, 50-годишниот Р.Ш., и нивниот деветгодишен син биле пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Сопругот, по лекувањето веднаш од полицајци бил приведен и пренесен во полициска станица, каде и бил задржан за информативен разговор и понатамошна постапка.

Деветгодишното дете е пренесено на клиниката во Скопје за понатамошно лекување.

Според првичните информации, на телата на мајката и ќерката не биле пронајдени траги на насилство, пишуваат македонските медиуми.

Телата на починатите се предадени на обдукција, при што точната причина за смртта сè уште не е потврдена.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +