14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше на свеченоста по повод откривање на биста на првиот претседател на самостојна Македонија, патрон на училиштето. Говорејќи за ликот и делото на претседателот Глигоров, Филипче истакна дека тој оставил силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движел земјата.

„Тој беше лидер кој ги постави основите на современата македонска држава, воден од принципите на демократија, мир и соработка. Глигоров е симбол за мудрост и визионерство, затоа и не случајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочување со предизвици во процесот на независност, донесе мудри политички одлуки. Глигоров го постигна она што ниту една Република од поранешна СФРЈ не успеа да го направи-Македонија по мирен пат стана независна, суверена и демократска држава.

Тој веруваше во силата на дијалогот и помирувањето, нешто што е особено важно и денес, кога треба да продолжиме работиме на заедничката иднина на државата. Благодарение на Глигоров, Македонија стана дел од најголемото меѓународно семејство на народи- Организацијата на обединети нации“-изјави претседателот на СДСМ, Филипче.

Вредностите и државнички одлуки, на Глигоров, оставија траен белег во нашето општество и се патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата, истакна Филипе.

„Ние, како генерација, сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Со оваа биста, што денеска се постави во истоименото основно училиште, не само што оддаваме почит, туку и ја чуваме визијата на Глигоров жива во нашето секојдневие, инспирирајќи ја младината да се бори за заедништво, стабилност и просперитет“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.