Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Стабилно и релативно топло време, во среда и петок дождови – Метеоцентар со детална прогноза

Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст.

Прогноза за 09.10.2024
Минимална температура: 5°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи

Прогноза за 10.10.2024
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 23°C до 29°C

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 11.10.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК