Centar.mk
фото Министерство за одбрана
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, на кој му посака успешна дипломатска мисија.

На средбата Мисајловски упати благодарност до Кралството Шпанија, за досегашната поддршка на нашата земја во евроинтегративните процеси.

Министерот Мисајловски и шпанскиот амбасадор разговараа за билатерална одбранбена соработка, при што соговорниците се осврнаа на можностите и иницијативите за продлабочување и зајакнување на соработката меѓу двете земји.

фото Министерство за одбрана

Можеби ќе ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ПРЕД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА – Власта и опозицијата ги изнесоа ставовите

ДЕСК

МВР СЕ ОГЛАСИ ПО ОБВИНУВАЊАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Извршена внатрешна проверка

ДЕСК