Centar.mk
СВЕТ

Насилство на пропалестинските демонстрации во Берлин, полицијата употреби солзавец

На пропалестинските демонстрации во Берлин минатиот викенд насилство избувна кога демонстрантите почнаа да ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња, а полицијата одговори со солзавец.

По повод годишнината од смртоносниот напад на Хамас во Израел, полицијата распореди речиси 2.000 свои членови поради најавените протести, пренесува „Берлингер моргенпост“.

Во саботата пропалестинските демонстранти маршираа од Темпелхоф до Бранденбуршката порта, а во неделата беа одржани демонстрации во Кројцберг и Нојколн, пишува порталот „ТРТ ворлд“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК

ГОЛЕМА ПОДЕЛБА ВО АМЕРИКАНСКОТО ЗДРАВСТВО – CVS најави создавање две одделни компании

ДЕСК

ЈУЖНА АФРИКА ГЛАСА ЗА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ – Регистрирани се 29,2 милиони избирачи

ДЕСК