Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гореа четири автомобили во Аеродром – полицијата излезе со детали

Денеска (07.10.2024) во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице(38) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „цитроен“, сопственост на лице(33), патничко возило „мерцедес“, сопственост на лице(47) и патничко возило „опел астра“, сопственост на лице(63), сите од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК