Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии и да ги испланираме до крајот на годината, а сето она што го направвивме доби потврда и од Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, која го потврди кредитниот рејтинг на земјата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ Сител.

„Голем предизвик беше да се надминат сите оние проблеми што беа оставени од минатиот период и заради тоа презадоволни сме што успеавме да го задржиме кредитниот рејтинг. Тоа е важно од аспект на каматните стапки што ги добиваме кога издаваме еврообврзници на меѓународниот пазар, но уште поважно е што од него зависи интересот на инвеститорите, рече министерката која додаде дека е важно што „Фич“ дава позитивни проекции за иднината, а кои се темелат врз основа на политиките што се планираат, а кои се споделени со „Фич“ на разговорите во Министерството за финансии.

Појасни дека проекциите на „Фич“ се во линија со проекциите од Фискалната стратегија, која е усвоена минатата недела од страна на Владата, и дека се очекува во 2025 година консолидација, стабилизација во делот на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

„Веќе го завршуваме буџетот за 2025 година и со новиот буџет буџетскиот дефицит ќе биде не повеќе од 4%, стапката на раст меѓу 3,5% и 3,7%, а инфлација под 3% и да нема зголемување на цените“, потенцира министерката.

Таа додаде дека растот се темели на инветиции, поддршка на приватниот сектор, проекти во општините, инфраструктурни проекти и слично и дека на среден рок со поголем раст на БДП ќе се намали и јавниот долг.

Во интервјуто во врска со состојбата на државната каса, потенцира дека во септември има посериозно наплата на буџетските приходи и тоа како во делот на Царинската управа, така и во Управата за јавни приходи.

„Станува збор за многу краток период, но имаме одлични резултати. Над 20% раст на приходите во Царината, повеќе од 15% на приходите од ДДВ. Позитивни резултати има кај сите даноци, освен мало потфрлање на данокот на добивка“, рече министерката за финансии.

Таа најави дека договорот за кредитот од Унгарската експорт-импорт банка ќе се потпише во вторник и дека средствата треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК