Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

65 литри на метар квадратен дожд во Пожаране и Лазарополе

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талог од 65 литри на метар квадратен.

До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола, 8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и 1 литар во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК