Centar.mk
БИЗНИС

Важна вест од Македонски Телеком за корисниците

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври.

-Се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа за поефикасно опслужување на корисниците, се вели во соопштението.

– Ги известуваме корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат. Се работи на имплементирање на нова ИТ платформа којашто ќе го подобри оперативното работење за подобро корисничко искуство.

Дополнително, викендов нема да биде во функција ниту онлајн продавницата на Телеком поради истата надградба. Од понеделник, 7 октомври, сите продажни канали ќе бидат повторно достапни.

Целта на креирањето на новата иновативна ИТ платформа е унапредување на секојдневните деловни процеси, зголемување на продуктивноста на вработените, како и поефикасно опслужување на корисниците, велат од Телеком.

Можеби ќе ве интересира

Над 115 долари за барел: војната ги турка пазарите кон неизвесност

C +

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

ДЕСК

Седница на Советот на Народната банка: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици

ДЕСК