23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
.МАКЕДОНИЈА

ИСТРАГА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА И ТРАНЗИЦИЈАТА ЗАЕДНО СО ОЛИГАРХИЈАТА: Али Ахмети ги откри 5-те приоритети – евроинтеграција, ветинг, верификација на имотот, истрага за приватизација и почитување на легитимитетот

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри и ги повтори своите пет приоритети и го повика Влен да ја напушти владата, повикувајќи ги заедно да стават крај нс понижувањето на Албанците и другите:

Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат:

Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја

Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг.

Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години.

Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес.

Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците.

П.С. За да го отстранат срамот од не почитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници.