7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче за Клик Плус: Поранешни поддржувачи на ЗНАМ се враќаат во СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вчерашното телевизиско интервју истакна дека партијата активно се консолидира по последните избори, со значителен прилив на нови членови и враќање на поранешни поддржувачи на ЗНАМ.

Филипче изјави дека членството покажува зголемен интерес за активно учество во процесите на избор на претставници на локално ниво и во креирањето на политиките.

„Членовите сакаат повеќе да се вклучат во изборот на свои претставници во раководството на општинските организации и на национално ниво, како и во процесите на политичко креирање“, изјави Филипче.

Претседателот на партијата, Филипче истакна дека новите претседатели на општинските организации, каде што се именувани, добиле одличен прием меѓу членовите и поддржувачите.

„На состаноците сега учествуваат повеќе од двојно повеќе членови отколку претходно, а пристапуваат и членови на ЗНАМ,“ додаде Филипче.

Тој кажа дека СДСМ продолжува да вклучува нови лица, а многу од постоечките партиски членови ја покажуваат својата стручност и посветеност во различни области.

„Широк круг на луѓе со коишто комуницираме во нивните средини имаат капацитет да преземат водечки улоги во организациите на СДСМ“-рече претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека многу поранешни членови на ЗНАМ, кои претходно ја напуштиле партијата, сега се враќаат со желба повторно да придонесат кон работата и развојот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +