12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Независен Синдикат на Полицијата со реакција во врска со доцнењето на платите

Независен Синдикат на Полицијата денеска на социјалните мрежи реагираше во врска со доцнењето на платите.

Во време кога платите во полицијата се далеку од достоинствени и значително заостануваат зад земјите од регионот, упатуваме реакција во врска со прекршувањето на децениската практика истите да се исплаќаат на првиот работен ден во месецот.

Свесни за законски утврдениот рок за исплата на плата до 15ти во месецот, добивањето на плата на првиот работен ден од месецот на вработените во полицијата им нуди одредена стабилност и сигурност, како и можност за планирање на своите плати кои не нудат комодитет за покривање на трошоците повеќе од еден месец.

Сметаме дека во период кога нема пари за покачување на платите, ова дополнително ќе влијае на мотивацијата и посветеноста на вработените и бараме истата да биде задржана како добра практика и непишано правило во иднина.“ – пишуваат од Независен Синдикат на Полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +