13. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Министерство за правда
.МАКЕДОНИЈА

Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.

Амбасадорот Риголер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската унија.

Во таа насока, министерот Филков информираше дека од 16.09.2024 година започна ангажманот на француски експерт, Сесилиа Мароние која има големо искуство во правосудната област. Од наша страна се обезбедени сите предуслови за овозможување на нејзина непречена работа.

Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност на Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.

На средбата се дискутираше и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за отпочнување јавни расправи за Предлог измените на законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, како и за Развојната секторска стратегија за правосудството( 2024-2028).

Филков и Риголер се обврзаа на продлабочување на соработката во периодот кој следи и зајакнување на билатералните односи.

фото Министерство за правда