18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Состојба на патишта – Еве каде и на што да внимавате

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: На 01.10.2024 година од 10.30 часот на Р-1102 од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, поради изведување градежни работи сообраќајот е во целосен прекин и истиот се пренасочува преку автопатот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК