Centar.mk
Фото: Министерство за европски прашања
МАКЕДОНИЈАвест

Министерот Муртезани ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма

Министерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Орхан Муртезани, утрово ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма помеѓу Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија.

Оваа програма е во вкупен износ од 61.795.000 евра, од кои:
ЕУ кофинансирање во износ од 58.600.000 евра; Национално кофинансирање во износ од 2.895.000 евра; Трета страна – корисници на грантова шема, во износ од 300.000 евра; за
поддршка на секторите: здравство, социјала, правда, внатрешни работи, конкурентност и иновации, енергетика, земјоделство, локален и регионален развој.

Овие финансиски средства, распределени во три години, (почнувајќи од 2025), ќе бидат наменети за успешна имплементација на проекти кои се од суштинско значење за европската интеграција на земјата и зајакнување на институционалните капацитети.

Фото: Министерство за европски прашања

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК