Centar.mk
фото Министерство за енергетика
БИЗНИС

Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици

Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме нови проекти. Живееме во реалност кога сè што е поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, па соодветно на тоа и темата на годинешниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во својство на говорник, во рамките на реномираната меѓународна конференција „Енергетика 2024“.

Во своето обраќање, Божиновска се осврна на значењето на производството и дистрибуцијата на енергија како основа на економскиот раст и стабилност.

„ Влегуваме во ера на чиста енергија, енергетска ефикасност и технолошки напредок, која ќе ни овозможи намалување на емисиите на јаглерод и истовремено обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите. Ова нѐ води до една од клучните теми на конференцијата: енергетската транзиција. Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок, затоа што правивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици“ нагласи Божиновска.

Политичките рамки, исто така, играат значајна улога во енергетската транзиција. Политиките мора да бидат насочени кон поддршка на преминот кон чиста енергија, додека ги адресираат и социо-економските аспекти на овој процес.

Владите, смета Божиновска, треба да обезбедат јасни и предвидливи регулаторни услови кои ќе поттикнуваат инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Ова нѐ води до втората критична тема на конференцијата: одржлив развој на енергетските системи што ги градиме денес, ќе имаат далекусежни последици за идните генерации. Нашата одговорност е да осигураме дека тие системи се одржливи, отпорни и прилагодливи на променливите потреби на општеството и животната средина. Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија.

„Оваа значајна конференција во организација на ЗЕМАК не е само можност за размена на знаења, туку и повик на акција. Идеите што ќе ги размениме и партнерствата што ќе ги изградиме овде ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во земјава, регионот и светот. Да ја искористиме оваа можност за да создадеме нови соработки, да истражиме најнови технологии и да развиеме стратегии што ќе нè водат кон почиста, одржлива и сигурна енергетска иднина. Заедно, можеме да ги надминеме предизвиците и да изградиме подобар, позелен свет за идните генерации“ порача министерката Божиновска.

фото Министерство за енергетика

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК