Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Посвежо утро, преку ден сончево време со умерена облачност

Утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

И во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро. Во четврток ќе има зголемена облачност а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а откако го фатиле ги тепал полицајците

ДЕСК

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

ДЕСК

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

ДЕСК