Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позици за вдомување на партиските кадри

„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национали координатори и вдомување на партиските кадри.

„За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН. Ваква брутална партизаиција на главните органи на државата е најава за само едно, а тоа е огромен криминал преку овие институции! За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил система за партиски заслуги“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК