Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов.

Според информациите од полицијата, тој јадицата ја фрлил во селото Стенче, кај стенечкиот мост на реката Вадар. Сепак, наместо да улови риба, од реката извлекол торба, во која имало седум тромблонски мини.

Рибарот ги уловил мините вчера напладне, а се работи за 19-годишно момче.

За случајот известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

ДЕСК