22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хилари Клинтон проговори за бракот со Бил Клинтон

Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, отворено зборуваше за Си-ен-ен за бракот со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

„Никој навистина не знае што се случува во бракот, освен двајцата луѓе што се во него. Секој брак има свои подеми и падови, за среќа, не јавни. Мора да ги носите одлуките што ви одговараат, а јас никогаш не би му рекла никому да остане во брак или да се разведе“, рече Клинтон.

„Утрото почнува со играње игри со правопис во кревет. Бил е добар играч, победува речиси веднаш. Поминуваме добро време заедно и го делиме животот речиси 50 години. Тоа е добро за нас и тоа е мојата порака“, рече таа.

Таа додаде дека таа и нејзиниот сопруг се благодарни што се во оваа фаза од животот бидејќи имаат внуци и поминуваат време со нив.

Бракот на Хилари и Бил Клинтон го одбележа скандал, кој беше откриен среде неговото претседателствување. Клинтон имаше афера со приправничката во Белата куќа, Моника Левински. Некои американски конзервативци го обвинија дека ја искористил тогаш 22-годишната практикантка и неговото однесување го опишале како на сексуален предатор.

Неговата сопруга Хилари аферата ја нарече одвратна и непримерна, но таа не мислеше дека тоа е еднострано предаторско однесување на нејзиниот сопруг, туку дека тоа е афера во која Моника доброволно се вклучила.

Без разлика што веста стигна во јавноста и што беа објавени и најмалите детали од скандалот, парот на крајот остана заедно.

„Го направив тоа за да си помогнам себеси во мојата анксиозност. Бев под голем притисок“, изјави Бил за Си-ен-ен во 2020 година додавајќи дека аферата му помогнала да се соочи со разочарувањата и животните стравови.

„Сите ние имаме оптоварувања во животот и понекогаш правиме работи што не треба. Тоа што го направив беше ужасно“, рекол тој тогаш./Извор:Makfax