Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен северен ветер

Заладувањето пристигна и во Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен, a долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени на повисоките места на западот на земјата, до 27 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +