3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против лице(27) и лице (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

По добиена пријава на 15.09.2024 дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека двете лица го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава.

Од страна на судија на претходна постапка на едното лице му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за другото се преземаат мерки за пронаоѓање.