12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

СРБИЈА НА НОЗЕ: Големо количество оружје и мински експлозивни направи пронајдени во гаража во Нов Белград

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР во Белград околу 11:20 часот пронашле поголемо количество оружје и мински експлозивни направи во гаража во Нов Белград, јавија српските медиуми.

Припадниците на полициската управа за град Белград пронашле повеќе огнено оружје, муниција и експлозивни направи.

Припадниците на Одделот за вонредни состојби веднаш излегле на местото на настанот“, изјави Дачиќ, соопшти МВР.

Тој додаде дека полицијата во соработка со надлежното обвинителство ги спроведува сите потребни оперативни дејствија при утврдување на сите факти и околности и идентификување на лицето чие оружје е.

Гаражата полна со оружје од секаков калибар е откриена во блок 29 во Нов Белград.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ реагираше на статија на „Гардијан“, ја објавија во рубриката „писма од читатели“

C +

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

C +

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

C +