13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР
МАКЕДОНИЈАвест

Билатерални средби на директорот Јанев со неговите колеги од Италија, Канада и Црна Гора

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, директорот Александар Јанев вчера во текот на последниот работен ден на Конвенцијата на шефовите на полиции што во организација на Европол и Унгарското претседателство на ЕУ се одржа во Хаг, Холандија, а во рамки на интензивните билатерални контакти и средби се сретна и со шефовите на полициите на државите Италија, Канада и Црна Гора.

На средбите покрај анализата на досегашното ниво на соработка како во склоп на мултилатералните полициски ангажмани така и на билатерално рамниште, беа разгледувани и потенцијалите за интензивирање и продлабочување на соработката. Особено во контекст на исклучително актуелните подрачја на полициско делување како што се борбата против организираните криминални групи, активни во регионот, но и на меѓународно ниво; исто така, околу организациско-техничката надградба и унапредување на капацитетите на нашата полиција во насока на поефикасно и поквалитетно функционирање што би значело и подобрување на безбедноста на граѓаните. Како тема на средбите беше и иницијативата за модернизација на полициското работење, односно дигитализација на одредени оперативни процеси (воспоставување на нови системи за управување со случаи и управување со документи) и воведување на иновативни методи за справување со растечките предизвици од сериозниот и организиран криминал.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +