12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Италија / фото Centar.mk
СВЕТ

Масакр денеска во Италија: Маж уби луѓе, меѓу кои и деца

Маж изврши семеен масакр, во две различни куќи, утрово во Нуоро, Италија, а потоа си го одзеде животот. Според првичните информации билансот е тројца загинати и четворица повредени.

Напаѓачот бил 45-годишен работник во шумско претпријатие од Сардинија кој ги убил сопругата и неговата 25-годишна ќерка, а ранил уште две деца (на 13 и 14 години), како и еден сосед. Соседот е сопственик и на станот во кој живеело семејството.

Ја застрелал мајка си во глава, па си пресудил
Мажот потоа отишол во куќата на неговата мајка, каде и пукал во главата. Според информациите, жената се уште се бори за живот. После тоа извршил самоубиство.

Провинциските команданти на карабинерите и полициската станица во Нуор моментално го истражуваат масакрот, работејќи на детална реконструкција на динамиката на настанот и можниот мотив зад убиствата.

Улиците каде се случи масакрот беа затворени од полицијата, а на местото на настанот беа и дежурниот обвинител и патологот.

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +