11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Виктор Орбан доаѓа во Охрид – Домаќинот Мицкоски ќе го пречека во премиерската вила

На 26 и 27 септември 2024 година во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Унгарија, Н.Е. Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската влада.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила Охрид на 27 септември.

Дополнително, во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27 септември ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во познат охридски хотел.

На маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.