8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Млад скопјанец измамен од жена – му собрала 11.000 денари, а еве и како

На 23.09.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, 25 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари. Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите.

Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.