Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Веќе подолго време баравме повеќе луѓе и подобра безбедност

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека постои „слабост“ во напорите да се заштити и дека долго време бара повеќе персонал во неговиот тим за безбедност.

„Веќе долго време баравме повеќе луѓе, повеќе мажи и жени, повеќе луѓе“, изјави Трамп за Фокс њуз, два дена откако се случи вториот обид за атентат додека тој играше голф.

Вршителот на должноста директор на американската тајна служба, Роналд Роу Џуниор, во понеделникот им изјави на новинарите дека средствата за безбедноста на Трамп дополнително се зголемени во јули, при неговиот прв обид за атентат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ИМ СЕ ЈАВИЛ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ОД АВИОН – Нови детали за разговорите околу војната во Украина

ДЕСК

ХОЛАНДИЈА ГО ПОВИКА РУСКИОТ АМБАСАДОР – Нова дипломатска реакција по оштетувањето на амбасадата во Киев

ДЕСК

РАКЕТЕН НАПАД ВО СРЦЕТО НА РИЈАД – Оштетена висококатница во финансискиот центар на Саудиска Арабија

ДЕСК