Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

„Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците. Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците. Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата“, велат од Владата.

„Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.

Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.

На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства“, се наведува во соопштението на Владата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

ДЕСК

Филипче: Највувам кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши за кршење на Деловникот

ДЕСК

Младите не бараат чудо, туку живот: Македонија повторно се соочува со прашањето зошто најдобрите си заминуваат

ДЕСК