Centar.mk
СВЕТ

Украина: Нов руски напад врз Киев, соборени речиси 20 дрона

Русија го изврши својот осми воздушен напад врз Киев во текот на ноќта овој месец, а украинските единици за воздушна одбрана уништија речиси 20 беспилотни летала кои се движеа кон главниот град, соопшти украинската војска.

„Руски беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи“, рече на Телеграм шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.

Тој додаде дека, според прелиминарните информации, нема жртви или материјална штета во нападот на Киев, пренесува Укринформ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Маѓар зборува глупости, националната влада во заминување не ја ограби Унгарија, туку ја зајакна

C +

Кина информираше дека е постигнат напредок во трговските преговори со САД

C +

Еболата се шири од Конго кон Уганда, СЗО прогласи здравствена криза

C +