Centar.mk
СВЕТ

„Америка виде лидер вечерва“: Се огласи Бајден по дебатата меѓу Трамп и Харис

Актуелниот американски претседател Џо Бајден за првпат зборуваше по претседателската дебата на САД меѓу Камала Харис и Доналд Трамп.

Според извештаите, Бајден го гледал првото соочување меѓу претседателските кандидати во Њујорк веднаш откако се вратил од роденденската забава на својата внука.

Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) изјави дека неговата потпретседателка покажала дека таа е „најдобриот избор“ да ја води државата.

– Америка вечерва виде лидер со кој сум горд што соработувам три и пол години. Не беше ни блиску. Потпретседателката Харис покажа дека таа е најдобриот избор да ја води нашата нација напред. Не се враќаме назад – напиша Бајден./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен

C +

Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда

C +

Белата куќа објави контроверзна слика: „На која страна, човеку од Гренланд“

C +