Centar.mk
РЕГИОН

Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во 8.33 часот по локално време, на 10 километри од Жепче, односно 21 километар од Зеница.

Граѓаните што го почувствуваа земјотресот ја коментираа оваа објава.

„Се тресеше, сите излеговме надвор“, „Краток и силен удар“, „Втор кат, ме разбуди од сон“, „Ме исфрли од креветот, се тресеше“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, јавува EMSC./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момчето кое изврши масовно убиство во „Рибникар“ ќе сведочи во постапката против своите родители

C +

(Видео) Вучиќ: Ако дојде до уништување на светот, нема да има сомнеж дека крајот започнал на 24 март 1999 година

C +

27-годишнина од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија

C +