Centar.mk
СВЕТ

Израел ја нападна Сирија, убиени цивили: „Целта беше голем воен истражувачки центар“

Во повеќекратните израелски напади врз сирискиот град Хама доцна вчера загинаа најмалку четворица цивили, објавија сириските државни медиуми, а извори велат дека нападот бил насочен кон голем воен истражувачки центар.

Од нападот на Хамас на 7 октомври врз израелските цивили и војници, Израел ги ескалира своите напади врз цели на милицијата поддржани од Иран во Сирија, а исто така ја нападна и воздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.

Локален здравствен претставник, цитиран од сириската државна новинска агенција, изјави дека по вчерашните напади во близина на градот Мисјаф, 13 лица се повредени, од кои неколку се во критична состојба.

Два регионални разузнавачки извори рекоа дека голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје лоциран во близина на Мисјаф бил неколку пати погоден. Се верува дека таму е сместен тим од ирански воени експерти кои се занимаваат со производство на оружје.

Сириските државни медиуми, исто така, објавија дека од ударите започнале два пожари кои пожарникарите ги гаснат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ПОЛСКА – 19-годишна девојка загина, нејзиниот брат осомничен дека возел под дејство на алкохол

ДЕСК

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК