Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денес сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар за кратко време, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК