Centar.mk
СВЕТ

Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари во Италија

Во одделот за торакална хирургија на поликлиниката Риунити во Фоџа, Италија лекари и медицински сестри беа нападнати од педесетина гневни членови на семејството и пријатели на почината 23-годишна девојка.

Според италијанските медиуми, дури 50 луѓе се собрале пред болницата и го нападнале медицинскиот персонал, што довело до хаос.

Лекарите и медицинските сестри беа принудени да се затворат во одделението за да се заштитат од насилните напаѓачи. Ситуацијата траела се додека не дошла и интервенирала полицијата.

Насилните напади резултираа со повреди на тројца лекари, од кои едниот заврши со скршеница на раката поради обидот да се заштити од напаѓачите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

C +

Истраги за силувања на деца во градинки и основни училишта: Франција потресена од голем скандал

C +

Авион во кој се наоѓаше британски министер цел на напад: „Ова е неодговорно руско мешање“

C +