Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Баџанакот на Мицкоски врти милиони со фирми во Бугарија – каде завршиле овие пари?

„Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Таа додаде дека во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски, туку на истата адреса, Антон Попов бр 57 во Петрич има уште една фирма, Инфинити транспорт група.

„Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?“ запраша Кузеска.

Таа исто така праша и колку милиони свртеле овие филми и каде завршиле тие пари – дали кај членови на семејството на Мицкоски или во ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони“ рече Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК