Centar.mk
СВЕТ

Минск собори две руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Белоруските воздухопловни сили денеска соборија два руски беспилотни летала во близина на белорускиот град Гомел, јавуваат белоруските медиуми.

Во исто време, рускиот функционер Владимир Рогов на својот канал на Телеграм изјави дека дронот влегол во воздушниот простор на Белорусија.

Според групата Белоруски Хајун, неколку белоруски борбени авиони наводно пресретнале беспилотни летала во близина на градот Гомел околу 1:30 часот по локално време./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +